СЕ МЕНУВА КАРТАТА НА ЕВРОПА: Во Западна Европа расте бројот на жители, во Источна опаѓа

Сподели со своите пријатели

Населението на Западна Европа значително расте благодарение на миграциите и доселувањето, додека источна Европа има проблем со демографијата поради заминувањето на жителите.

Најновата анализа на Австриската академија на науки и Демографскиот институт од Виена се занимава со развојот на населението во Европа помеѓу 1990. и 2017. година, земајќи ги предвид природните демографски развивања и миграциите.

На двата спротиваставени краеви се наоѓаат Ирска со раст од 36 осто, пред се благодарение на природниот демографски развој, и Босна и Херцеговија со најголемо намалување на жителите од 22 отсто, предизвикано со миграцијата. И Хрватска е меѓу „губитниците“, затоа што има 13 отсто помалку жители од 1990. година.

ЕБОР: Ќе бидат потребни децении Западен Балкан да достигне просечен животен стандард на ЕУ

Loading...

Државите со најголем раст на населението се Швајцарија, со 26 отсто, обично поради доселувањата, Норвешка со 24 проценти, подеднакво благодарение на наталитетот и миграцијата, Шпанија со 20%, поради миграциите, Франција со 18 отсто (помалку миграција, повеќе наталитет) и Шведска со 17 проценти претежно благодарение на миграцијата.

На другата страна, во целата посткомунистичка Европа бројто на жители се зголемил само во Словенија и Словачка и тоа за само три отсто. Најлошо минувале Бугарија, Летонија, Литванија, Молдавија, Босна и Херцеговина и Косово, каде по 1990. година бројот на жители е намален за над 20 проценти.

Според оваа анализа на австриските демографи, нема наговестување дека овие трендови ќе се променат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ЛЕДИ КРВ ВО ВЕНИТЕ: Скокна во мал базен од огромна височина! (ВИДЕО)

Leave a Reply