Се чистат улиците низ Куманово, фрлени над 70 тони сол (ФОТО

Сподели со своите пријатели

Седумдесет тони сол се фрлени низ кумановските улици во текот на изминатите 24 часа, вели денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој посочи дека се ангажирани шест тимови со тешка механизација кои се постојано на терен.

Улиците, според Димитриевски се чистат по прироритети зависно од зоната во која се наоѓаат. Најголем приоритет има првата зона каде има и најголем проток на сообраќај. Потоа ќе следува чистење на пристапите до населените места околу градот, а на крајот во третата фаза ќе се чистат и делови од градот каде живеат најмал број на жители.

– Имавме интервенции во неколку села по нивно барање, каде што имаше застој во сообраќајот, успешно е исчистен снегот, во моментов имаме повторно снежни врнежи и верувам дека доколку се задржи овој континуитет во вечерните часови ќе ангажираме по потреба и дополнителни тимови кои што ќе работат на расчистување на снегот. Верувам дека Општина Куманово ќе се справи успешно со состојбата, изјави градоначалникот Димитриевски.

 

Loading...

 

Димитриевски апелира до сопствениците на угостителски и стопански објекти самите да ги исчистат приодите и тротоарите пред објектите, што всушност претставува и нивна законска обврска, а ја пофали работата на вработените од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ кои со сите расположливи средства ги чистат тротоарите и плоштадот.

Апел Димитриевски упати и до несовесните граѓани да не ја попречуваат работата на службите задолжени за чистење на улиците.

– Воедно да апелирам до граѓаните кои учествуваат со свои возила во сообраќајот да не ги оставаат возилата кај ќе стигнат на јавните прометни површини бидејќи дополнително ја отежнуваат работата на тимовите кои го чистат снегот во градот и да апелирам до претставниците на МВР да бидат поригорозни и нулта толеранција кон сите несовесни возачи, особено во централно градско подрачје кои со нивното несовесно однесување го отежнуваат сообраќајот и дополително ја отежнуваат нашата работа, вели градоначалникот на Општина Куманово.

 

 

Инаку, за расчистување на сообраќајниците во Куманово се задолжени две компании, од кои едната на месечно ниво добива паушални средства од 800.000 денари, додека другата 1,1 милион денари, средства издвоени согласно тендерот од претходната власт.

Leave a Reply