Се бараат сопствениците на три „Боинг“ авиони оставени во оваа воздушна база

Сподели со своите пријатели

Компанијата на Малезиското воздушно пристаниште бара власници на три авиони оставени во воздушната база во Куала Лумпур, пренесува медиумот „The star“, каде вчера е објавен овој оглас.

Loading...

Непознатиот сопственик на три „Боинг“ авиони 747-200F добил 14 дена да ги преземе, а во спротивно ќе биде задржано правото да ги продадат или на друг начин на се решат од нив. Така со собраните пари би финансирале евентуални трошоци и долгови.

Според пописот објавен во огласот, се работи за три бели авиони со регистрациски ознаки TF-ARM, TF-ARN i TF-ARH.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.