Се бара тестирање за сите полицајци, пожарникари и здравствени работници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Loading...

На состанокот е донесена одлука да се побара од Комисијата за заразни болести при  Министерството за здравство да изврши тестирање на сите здравствени работници и сите вработени во Секторот за внатрешни работи и Територијалната противпожарна единица Куманово и да продолжи со континуирано тестирање на граѓаните, стои во соопштението од Општина Куманово.

Штабот го задолжи Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово да продолжи со континуирана дезинфекција на станбени објекти за колективно домување и на јавно-прометни површини.

И денеска се бара од владата да се воведе итен целосен карантин за Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply