Карантин за Куманово и дислокација на бегалците бара Општинскиот штаб

Сподели со своите пријатели

Целосен карантин за Куманово и дислокација на бегалците од Табановце, побара од Владата, Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово по денешната одржана деветта седница.

Loading...

-Бараме од Влада на Република Северна Македонија да донесе итна Одлука Куманово да се стави во целосен карантин, стои во еден од заклучоците на состанокот.

Освен тоа, бараат да се донесе одлука за дислокација на осумдесет и еден бегалец од Прифатно-транзитниот центар Табановце, кои повеќе од дваесет дена се наоѓаат во кампот.

-Апелираме до граѓаните да го почитуваат полицискиот час и препораките од Владата на Република Северна Македонија , да го намалат своето излегување и напуштањето на домовите да го сведат на минимум, велат од Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Никола Ивановски

Leave a Reply