СДСМ: Зошто власта зема 60 евра од фирмите за GPRS врска кога тоа не чини ништо? (видео)

Сподели со своите пријатели

Неспособната власт во заминување, деновиве врши нов арач на малите и средните претпријатија, обвини на денешниот прес Јован Митрески, пратеник во Собранието на РМ.

Loading...
  • Власта бара од сите правни субјекти, коишто мораа да воведат GPRS фискални каси, да плаќаат нова давачка од 60 евра за воспоставување на некаква GPRS врска, којашто не треба да чини ништо. Целта на власта е да извлече над 12 милиони евра од претпријатијата, за да може да ги пополнува своите буџетски дупки, за нови барокни фасади и Панорамски тркала од 18 милиони евра. Ете колку оваа власт се грижи за домашните претпријатија, изјави денеска Јован Митрески, пратеник од редовите на СДСМ.

Според Митрески и СДСМ,  власта прво им наметнала трошоци и обврска, фирмите да имаат две фискални каси, а потоа измислила казни од по 3.000 евра за непоседување на ваква GPRS фискална каса, за да сега неуспешноста на спроведувањето на ваквите апсурдни мерки ќе го наплаќа со дополнителни 60 евра.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.