СДСМ: Згрозени сме од педофилски статуси за 14 – годишната ќерка на Зоран Заев

Сподели со своите пријатели

Никола Груевски нема повеќе никакво право да спомене семејни и демохристијански вредности, реагира СДСМ во партиско соопштение испратено до медиумите денес,  откако некои портали во текот на вчерашниот ден, објавија фотографија од малолетната ќерка на Зоран Заев, снимена во костим за капење.

Loading...

Capture

Тоа што го направи Груевски синоќа, преку провладиниот портал Курир, со злоупотреба на фотографија на 14 – годишната, малолетна ќерка на претседателот Зоран Заев, само за да се оправда по медиумските информации за неговите скапи очила и летувањето во Тел Авив, е одвратен потег што ги надминува границите на нормалност, реагира СДСМ.

– Како тоа да не беше доволно, па денеска пропагандата продолжува со згрозувачки педофилски статуси на водителот во Канал 5 телевизија, Миленко Неделковски, кај кој Никола Груевски е чест гостин.  Семејството на претседателот Заев е постојана мета на медиумската пропаганда на фрустрираниот премиер Никола Груевски и ако имаше институции во Македонија, досега тој и неговите извршители ќе одговараа за сите лаги и конструкции со коишто со месеци ја трујат јавноста.

Прекршени се етички, новинарски стандарди, злоупотребено е малолетно дете и тоа од соработници од најтесното опкружување на Груевски.

Семејството на претседателот Заев и официјално ќе ги извести сите домашни и меѓународни организации за скандалозниот случај во којшто за политички цели е инволвирана неговата малолетна ќерка, а ќе бидат преземени и соодветни правни чекори.

Се покажа дека власта на Груевски не само што поддржува туку и стимулира настраност и насилство.

Потезите со коишто кулминираат потезите на Никола Груевски покажуваат дека станува збор за давеник за сламка, кој не избира средства во голата битка за власт што ја водим се вели во писмената реакција на Социјалдемократскиот Сојуз.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.