СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Loading...
Сподели со своите пријатели

СДСН е во паника по Конгресот на ЗНАМ, рече денеска на прес конференција портпаролот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов.

Нивното соопштениет ви го пренесуваме интегрално:

„СДСМ денес, повторно и очајно, се обиде да ја маскира сопствената безидејност и внатрешна распаднатост со кукавички, плиток и патетичен напад врз Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференцијата на нивниот гласноговорник, Мартин Костовски е неуспешен обид за дефокус по историскиот, силен и масовен Конгрес на Движењето ЗНАМ, кој испрати порака до сите: Македонија се буди, а народот веќе не се плаши!

И тука е коренот на нивниот страв. СДСМ не може ниту да замисли, а камо ли да организира Конгрес со над 420
делегати, со јасна национална визија и со масовна поддршка од народот. Нивниот “конгрес” би можел да се одржи во поширока канцеларија, затоа што вистинските социјалдемократи одамна ги нема, и народот ги напушта засекогаш.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се воведува летен времен режим на сообраќај на македонските патишта

Тие нè напаѓаат затоа што сме гласни, храбри и исправени.

А тие не знаат поинаку освен да служат. На ДУИ. На бегалецот Артан Груби и Васко Ковачевски, на двоецот Заев-Филипче, дечките со златни визи, спремни за бегање.

Никој нема право да преговара за македонскиот идентитет! Јазикот, историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ не се предмет на преговори – тие се темелот врз кој стоиме!

Loading...

Македонија ќе биде членка на ЕУ – но не како народ без име, туку како Македонци со гордост, идентитет и
достоинство! Нашиот пат е европски, но нашата душа е македонска!

Но, ајде да ги потсетиме граѓаните кое е навистина лицето кое стои зад овие обвинувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се воведува летен времен режим на сообраќај на македонските патишта

Кој е Мартин Костовски?

Човекот што денес зборува од име на СДСМ беше директор на Службен весник кога без потпис и спротивно на Уставот и законите го објави Законот за употреба на јазиците, со што изврши тешко кривично дело – Злосторничко здружување и уривање на уставниот поредок.

Исто така, без потпис од Претседателот на државата, го објави законот за ратификација на конечната спогодба т.н. Преспански договор.

Тоа е вистинското лице на овој “патриот” кој тивко, тајно, зад грбот на народот, ги распродаде националните интереси. И за тоа ќе одговара!

Ние од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија не бегаме од вистината, туку се бориме за неа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се воведува летен времен режим на сообраќај на македонските патишта

Затоа ја предложивме и ја промовиравме НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА за македонско национално единство – документ што ги дефинира црвените линии на македонскиот национален интерес и повикавме сите политички партии да ја прифатат, а тие без да ја погледнат, ја отфрлија.

Loading...

Затоа им порачуваме:

Колку и да бегате од предавничката аура, предавничката кожа не се соблекува.

Вие немате ниту “П” од патриотизам. Ниту “Д” од државност. Ниту “Н” од национален интерес. Движењето ЗНАМ не молчи – ние сме гласот на народот кој не може да го купите, уцените или заплашите.

Времето на вашата лага заврши. Времето на вистината почна“, стои во соопштението.