СДСМ: Попоски помага бегство на Мијалков, а и на кои други?!

Сподели со своите пријатели

Инфомацијата дека на Сашо Мијалков му е издаден дипломатски пасош отвора нов сериозен скандал, се вели во писменото соопштение на Центарот за комунакции на СДСМ испратено до медумите денес.

Loading...

Според СДСМ, тоа значи дека институциите раководени од соработниците на Груевски влегуваат во сериозна злоупотреба на службената положба.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски е должен веднаш да објасни по кој основ МНР дозволило дипломатски пасош за братучедот на Груевски, Сашо Мијалков?

Објавените документи покажуваат дека Мијалков добил дипломатски пасош како експерт. Каков експерт е Сашо Мијалков?

Која институција го именувала Мијалков за експерт и побарала за него дипломатски пасош?

Дипломатски пасош се издава на експерт во исклучителен случај со ограничен рок на употреба, додека е потребен престојот во странство на тоа лице.

На Мијалков, дипломатскиот пасош му бил издаден на 29 август годинава и е со траење од 5 години!

Сашо Мијалков ја напушти позицијата директор на УБК, по скандалите со прислушувањето и случувањата во Куманово.

Овој потег на министерот за надворешни работи Попоски говори дека Груевски со соработниците подготвува терен за бегство на Сашо Мијалков од Македонија.

Прашање е уште колку вакви дипломатски пасоши издало МНР.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во писменото соопштение укажува дека ќе има одговорност за сите кои ќе се вмешаат во незаконитите, криминални, панични потези на власта на Никола Груевски во заминување.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.