СДСМ: Фијаско на протестите на ВМРО-ДПМНЕ против реформите во образованието

Сподели со своите пријатели

„Тотално фијаско се случи денеска на протестите на ВМРО-ДПМНЕ во неколку градови низ државата“, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Loading...

Како што стои во соопштението од партијата, „со недели ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да манипулира со родителите и учениците, од белиот дворец постојано хушкаа, ширеа невистини и лажни вести, се затскриваа зад наводни граѓански иницијативи“.

– Денеска се покажа дека ова се протести на ВМРО-ДПМНЕ на кои освен членови и симпатизери на партијата, немаа никаква поддршка од јавноста. Граѓаните, учениците и нивните родители не подлегнаа на манипулациите од белиот дворец и упатија јасно порака дека не им веруваат на лажните вести пласирани од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново се поразени од граѓаните на кои им е совршено јасно дека се што прави опозициската партије се деструкции, лажни вести и одбрана на криминалот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција, велат од СДСМ.

Претходно од СДСМ обвинија дека зад протестите стои ВМРО-ДПМНЕ и дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски организира протести за да ги миниулира родителите и учениците со цел, како што велат, да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи.

– Лага е дека учениците ќе останеле без учебници. Со новото законско решение ќе има нови, современи и достапни учебници, а дигитализирањето на дидактичките материјали ќе значи само унапредување на наставата и осовремнување на начинот на учење овозможувајќи им на новите генерации квалитетно образование.  Она што ќе го нема, а што навистина и пречи на опозициската партија, се милионските тендери за печатење на учебници од кои дебело со години се офајдуваше ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Никола Ивановски

Leave a Reply