Сараево под опсада – вахабист уби двајца војници (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Двајца припадници на Армијата на Босна и Херцеговина се убиени, а еден е повреден откако во нив пукал извезен Енес Омерагиќ со автоматско оружје, а според се уште непотврдени информации тој бил припадник на вахабистичка група.

Loading...

Убиството се случило во обложувалница во населбата Рајловац во Сараеви, а според информациите на Танјуг, откако ги убил војниците Омерагиќ излегол од обложувалницата и започнал рафална стрелба во автобус, при што е повредено едно лице, а осомничениот се дал во бекство.

151119001.2_xl

Како што пренесува порталот кликс.ба осомничениот си го идзел животот неколку минути пред полноќ, откако специјалците ја обиколиле неговата куќа, откако претходно неколку часа разговарале да го убедат самиот да се предаде.

Засега нема информации дали со него во куќата било и неговото семејство, а мотивите за нападот допрва ќе се истражуваат.

Фото: кликс.ба

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.