Сара од Куманово настапи на концерт заедно со оркестарот на Џексонвил (видео)

Сподели со своите пријатели

Познатиот перкусионист и студент во Џексонвил – САД, Сара Симоновска, инаку 21 – годишна девојка по потекло од Куманово, пред неколку дена го оствари својот животен сон со заеднички настап во концертната сала, изведувајќи соло настап на маримба.

Loading...

Сара пред преполната сала настапи со изведба на делото “Концертино” од Пол Кресон и ја остави публиката без зборови, со оглед дека се работи за вистински подвиг и успех да се настапи заедно со ансмблот на Џексонвил, вели таа.

Нашата кумановчанка минатата година беше прогласена за најдобар студент и по тој повод и доби шанса да настапи во концертната сала на Џексонвил.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.