Санкциониран пијан возач, измерени 4,07 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

СВР Битола во текот на вчерашниот ден (24.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Loading...

На територија СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол од кои кај еден возач на подрачје на селото Перово, ресенско, биле измерени 4,07 промили алкохол.

Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грковска: Работиме на унапредување на транспарентноста на институциите

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на МВР.