Калифорнија, петта на листата на најзагрозени американски држави во однос на бројот на пациенти и смртни случаи од коронавирус, обезбеди 15.000 хотелски соби за бездомниците за време на пандемијата и на некои од нив им набави бесплатни лекови, алкохол, тутун и медицинска марихуана.
Сан Франциско одлучи да набави алкохол, тутун или медицински канабис за група од 43 бездомници кои се зависни со цел да ги одврати од напуштање на хотелот и потенцијалното ширење на коронавирусот, изјави портпаролката за здравство во Сан Франс, Џена Лејн.
ЕВРОПА: Каде и како ќе може да се патува оваа година?
„Сан Франциско им обезбеди одлични услови“, изјави Лејн за медиумите, додавајќи дека градот прави се што може за да им помогне на овие луѓе да останат надвор од дрогата, алкохолот и канабисот.
Сето ова е дел од проект чија цел е да се намали штетата, а средствата наменети за таа намена не се од буџетот, односно не доаѓаат од даночни обврзници.
Во хотелите во Сан Франциско се сместени и 270 бездомници кои или биле тестирани позитивно за коронавирус или се многу подложни на инфекција.
Хоби кое го намалува стресот, дури и лекарите го препорачуваат како терапија
Во Калифорнија, 59.829 луѓе се позитивни на коронавирус, додека регистрирани се 2.511 смртни случаи.