Само преку почитување на полицијата може да постигнеме повисоко ниво на безбедност, апелира Спасовски

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во врска со нападите врз полициските службеници посочи дека е важно да се работи на детектирање на точните причини кои доведуваат до вакви случаи. За таа цел, како што соопшти, вчера одржале заедничка средба со Факултетот за безбедност, на која договориле да се направи посебна анализа за овие случаи, а притоа да се креираат програми, модели, модули, курикулуми низ кои ќе поминуваат полициските службеници, пред се раководниот кадар во полицијата.

Loading...

– Граѓаните мислат дека колку повеќе ќе направат паника во однос на преземање на одредени полициски дејствија или службени овластувања кои ги имаат полициските службеници, толку повеќе ќе направат притисок врз полициските службеници во однос на спроведувањето на Законот и на тоа најчесто се должи ова што ни се случува. Тоа не се напади, туку обиди да бидат нападнати полициските службенци и притоа снимајќи видео клипови објавувајќи ги во јавноста, повикувајќи се на тоа дека „Еве полицијата употребува прекумерна сила“, вели Спасовски.

Според него, нема нападнати полициски службеници кои не успеале да одговорат, туку во одредени случаи се укажала потреба за употреба на службени овластувања при вршењето на своите должности.

– Ако го погледнете видеото кое беше објавено за случувањата пред „Силбо“, ќе видите дека полициските службеници брзо, ефикасно, навремено си ги преземаат сите овластувања кои ги имаат се со цел да бидат приведени таквите лица. Во тој дел не станува збор за напад, туку се само обиди кои ги прават одредени граѓани, рече Спасовски.

Тој апелира до сите граѓани да ја почитуваат македонската полиција заради тоа што, како што нагласи, само таа ја одржува безбедноста, мирот и јавниот ред во државата.

– Само преку почит на полциските службеници ние може да постигнеме и повисоко ниво на безбедност и поголема доверба во македонската полиција, потенцира Спасовски.

Марија Спасовска


Leave a Reply