Само еден затвореник од Куманово на најновата листа помилувања од Иванов

Сподели со своите пријатели

Четири месеци помалку ќе трае затворската казна на Давор Илиевски од Куманово, кој е единствениот кумановец на листата помилувања од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод втори август.

Според одлуката објавена во „Службен весник“, Иванов помилуваше вкупно 43 осудени лица чија затворска казна ќе биде намалена за три до осум месеци, но на списокот нема ниту една жена осуденичка.

Во објавениот список на помилувани  на  вкупно 29 затвореници делумно им се скратува казната за три месеци, за четири месеци им се намалува казната на петмина осуденици, за половина година на седдумина затвореници. Само двајца од осудениците ќе добијат делумно скратување на казната за седум и осум месеци.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...