Самит на Шангајската организација, учествуваат Моди, Путин, Си Џинпинг

Сподели со своите пријатели

Шангајската организација за соработка (ШОС) треба да биде обединета во борбата против тероризмот и да не се двоуми да ги осуди државите кои го поддржуваат теророт, изјави денеска индискиот премиер Нарендра Моди на самитот на организацијата.

Loading...

Лидерите на ШОС денеска одржуваат самит со видео-врска, чиј домаќин е Индија, со цел да го прошират влијанието на евроазиската политичка и безбедносна организација со вклучување на Иран и отворање на патот за членство на Белорусија, пренесува Ројтерс.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин учествуваат на денешниот 23-ти самит на Советот на шефови на држави на ШОС.

Тоа е првпат Путин да учествува на меѓународен настан по бунтот на руската приватна воена компанија „Вагнер“ на крајот на јуни.

Моди, за време на неговото воведно обраќање, исто така ги повика лидерите на ШОС да работат за благосостојбата на Авганистан и да обезбедат хуманитарна помош за Кабул.

Територијата на Авганистан не треба да се користи за дестабилизација на неговото соседство, рече Моди на самитот.

Во своето обраќање, кинескиот претседател рече дека фокусот на организацијата треба да биде на прагматична соработка и забрзување на економското закрепнување.

Тој ја истакна меѓусебната потреба од почитување на клучните интереси и грижи на членките, како и потребата од независно формулирање на надворешнополитичките цели.

Loading...

Основана во 2001 година од Кина и Русија, ШОС е политичка и безбедносна организација која се обидува да го спротивстави западното влијание во Евроазија.

Иран се очекува да биде примен за членство на денешниот самит, а Белорусија треба да потпише обврзувачки меморандум кој подоцна ќе доведе до нејзино членство, наведува Ројтерс.