Сакал да изгледа како порно ѕвезда па на 15 години станал зависник од вијагра

Сподели со своите пријатели

Тинејџер од Велика Британија, чиј идентитет е заштитен, пробал таблети за потенција, затоа што другарите му рекле дека ќе биде лош во креветот со девојката со која планирал да ја изгуби невиноста.

Меѓутоа, наскоро станал психички зависен, а за ноќ земал и до шест таблети. престанал дури кога сфатил дека без нив не може да постигне ерекција. Неговите родители не знаеле што се случува, додека нивниот син во недостаток на пари поктрадувал.

Во разговор за британски медиум, момчето рекло дека порнографија започнал да гледа на 12-годишна возраст, на својот паметен телефон. признал дека дури третина од неговите врсници зема вијагра.

Имам чувство како веќе да немам детство. Уништено е. Поголемиот дел од луѓето мислат дека вијаграта е за постари мажи, но денес без проблеми можете да ја купите и на школо. И родителите и децата мораат да знаат што се случува. Би сакал никогаш да не пробав – рекло момчето.

Момчето се уште се лекува, а неговите лекари велат дека таквите случаи не се толку невообичаени меѓу тинејџерите кои дрогата ја земаат повремено.

Учениците мислат дека тоа е безизлезна забава. меѓутоа, доброто чувство кое го предизвикува помешано со чувството на непобеденост предизвикува психичка завистност – рекол лекарот Стив Поп.

Таблетите за потенција не носат стигма како илегална дрога па затоа се раширени и достапни. Момчето на новинарите им рекло дека сакал да изгледа како мажите од порнографските филмови кои ги гледал, па затоа земал таблета.

Цената со време им пораснала, па тинејџерот започнал да краде пари од родителите. Рекол дека на крајот му се лошило од самиот себе, затоа што се чувствувал како да нема избор. Сето тоа им го раскажал на родителите кога се загрижил за последиците.

Му била дијагностицирана хиперсексуалност, односно нимфоманија, пореметување кое се уште не е целосно истражено, а психијатар оваа момче посетува два пати неделно.

 

Loading...