САД воведуваат нови, построги санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Во петок, американскиот претседател Џо Бајден ќе одржи виртуелен состанок со лидерите на Г7 и украинскиот претседател Володимир Зеленски и ќе објави нови, построги санкции против Русија поради инвазијата на Украина, рече портпаролката на Белата куќа, еден ден пред првата годишнина од руската инвазија на Украина.

Loading...

„САД ќе воведат строги санкции за главните сектори кои му носат приход на Путин“, рече на прес-конференција портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Украина ќе биде главна тема на виртуелниот самит на Г7 во петок. На Франција, Велика Британија, Канада, Германија, Италија, Јапонија и САД ќе им се придружи и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Лидерите ќе разговараат како понатаму да ѝ се помогне на Украина“, истакна Жан-Пјер.

Но, портпаролката не кажа дали другите земји од Г7 ќе се согласат со новите американски санкции.

Овие санкции се конкретно насочени кон банки и субјекти кои и помагаат на Москва да ги заобиколи пакетите санкции воведени по почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година.

САД ќе ги санкционираат банките и руската воена индустрија, како и „актери во трети земји кои сакаат да ги заобиколат нашите санкции“, додаде таа.

„Ќе објавиме нова економска помош во енергетски производи и воена помош со цел да им помогнеме на Украинците во иднина успешно да ги заштитат своите жители од руската агресија и да и овозможиме на украинската држава да обезбеди основни услуги како што се струја и греење“, додаде таа.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.