САД повикуваат на итна пауза во употребата на вакцини Џонсон и Џонсон: Згрутчување на крвта кај 6 пациенти

Сподели со своите пријатели

Федералната здравствена агенција на САД денеска ќе повика на воведување на итен прекин во употребата на единечна доза на вакцина „Џонсон и Џонсон“, откако шестмината Американци кои ја примија, развиле ретко нарушување што вклучува формирање на тромби, пишува Њујорк Тајмс.

Loading...

Според весникот, повикувајќи се на службени лица кои биле информирани за таа одлука, сите шест приматели биле жени на возраст од 18 до 48 години, објави Ројтерс.

 

 

Една жена почина, а друга жена во Небраска била хоспитализирана во критична состојба, објави весникот, како што пренесува Танјуг.

Научниците и медицинските експерти од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола на болести (ЦДЦ) заеднички ќе ги испитаат можните врски помеѓу вакцината и појавата на згрутчување на крвта кај мал број на имунизирани лица.

 

Loading...

 

Истрагата ќе помогне да се утврди дали ФДА треба да продолжи да одобрува употреба на вакцина за сите возрасни или да го ограничи одобрувањето. Експертите од Комитетот за имунизација ќе се состанат утре за да разговараат за случаи на згрутчување на крвта, а ФДА потоа ќе ги анализира податоците.

Исто така, секој што примил вакцина „Џонсон и Џонсон“ и има силна главоболка, абдоминална болка, болка во ногата или отежнато дишење во рок од три недели по имунизацијата, се препорачува да се јави кај својот лекар.

Leave a Reply