САД: Полицијата уби мајка на три деца при интервенција на семејно насилство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Њујорк застрела млада жена во нејзиниот дом при интервенција на семејно насилство.

Loading...

Убиството, кое било снимено од камерите на полициската униформа, се случило во април 2022 година, откако девојката извадила нож при обид да ја приведат.

Полицијата добила повик за семејно насилство во домот на Џејми Фејт (34) во мало гратче кое се наоѓа на околу 100 километри од Њујорк. Џејми живеел во куќата со својот партнер и нивните три деца.

На снимката може да се види како полицајците ја изнесуваат Фејт, која има повреди на лицето, од една од собите во куќата.

Недолго потоа се гледа како вади нешто од панталоните, а потоа се слуша како полицаецот вели: „Нож!

Полицаецот потоа оди на радио за да повика засилување, во позадина се слуша друг како вика „пукај“, а партнерот на Џејми ги моли да не го вадат оружјето.

Недолго потоа, одекна истрел, а Џејми падна на подот. Веднаш била констатирана смрт. Против полицајците кои учествувале во интервенцијата се води истрага.

Надлежните наведуваат дека целиот настан е трагичен, но тешко дека полицаецот ќе одговара со оглед на тоа што врз нив бил повлечен нож.

Loading...

„Ова е трагичен настан, а полицајците ќе мора да живеат со она што се случи. Не е лесно да се повлече пиштол и да се одземе нечиј живот“, рече Ал Тореџани, градски надзор.

Медиумите пишуваат дека Џејми живеела во куќата во Хајд Парк од јануари 2020 година и дека на социјалните мрежи редовно објавувала статуси полни со теории на заговор за Ковид-19.

Џејми во 2015 година беше уапсена поради сообраќајна несреќа која ја предизвикала додека возела под дејство на алкохол.

Три години пред тоа била осудена и за возење под дејство на алкохол.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СНИМКАТА Е ВОЗНЕМИРУВАЧКА