САД: Осомничениот за упад во зградата на ФБИ e убиен

Сподели со своите пријатели

Вооружен маж кој се обидел да упадне во зградата на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Синсинати, Охајо, бил убиен додека бегал во размена на оган со полицијата, соопштија денеска полициски претставници.

Loading...

Полицијата допрва треба официјално да го соопшти идентитетот на овој човек, а на неколку прес-конференции не сакаа да ги коментираат неговите мотиви, пренесува Ројтерс.

Њујорк Тајмс и Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на неименувани извори, го идентификуваа осомничениот за вчерашниот напад како Рики Шифер (42), кој, како што велат, најверојатно имал екстремно десничарски ставови.

Човек со тоа име предупредил на напад на социјалната мрежа „Truth Social“, која ја лансираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп, наведува британската агенција.

„Ако не одговорам, знајте дека сум се обидел да го нападнам ФБИ, а тоа ќе значи дека или ме симнале од интернет, или ме фатиле ФБИ, или пратиле обични полицајци…“, напишал осомничениот во пораката.

Неговите објави, вклучително и оние со екстремни ставови, беа отстранети набргу откако полицијата им соопшти на новинарите дека осомничениот за нападот во Синсинати е убиен.

Ен-би-си њуз, повикувајќи се на двајца неименувани функционери запознаени со случајот, објави дека осомничениот бил во зградата на американскиот Капитол во Вашингтон за време на нападот на приврзаниците на Трамп на 6 јануари 2021 година.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на двајца полициски службеници запознаени со ова, објави дека истражителиtе истражуваат дали тој имал врски со екстремистички групи, според Ројтерс.

Loading...

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, кој го опиша домашниот насилен екстремизам како најзначајна безбедносна закана за САД, издаде изјава по настанот во четвртокот во која ги осуди „неоснованите напади врз интегритетот на ФБИ“.

Инцидентот во Охајо започна рано во четвртокот кога маж се обиде да влезе во канцеларијата за проверка на посетители, а кога се вклучи алармот, одговорија агентите, се вели во соопштението на бирото.

Ен-Би-Си Њуз објави дека осомничениот, кој бил вооружен со полуавтоматска пушка, испукал истрели од пиштол за клинци во зградата.

Тој потоа побегнал со бело возило на Меѓудржавен 71, соопшти канцеларијата на ФБИ во Синсинати.

Следеше потера и осомничениот пукал со своето оружје кон полицаецот, а возилото на крајот беше запрено во округот Клинтон, каде што беше разменет оган меѓу осомничениот и полицијата за време на долгиот судир кој заврши со пукање врз осомничениот шест часа по првичниот напад во Синсинати..

„Денеска цел ден полициските службеници се обидуваа да преговараат со осомничениот. По извесно време преговорите пропаднаа“, изјави портпаролот на полицијата.

Тој рече и дека осомничениот починал на лице место и дека нема повредени.

Инцидентот се случи кога ФБИ се соочува со зголемен притисок од републиканците откако бирото изврши рација во имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп, Мар-а-Лаго на Флорида.

Loading...