Американскиот Стејт департмент донесе одлука да ја одобри можната продажба на 32 борбени авиони Ф-35А Лајнинг два на Романија.
„Оваа предложена продажба ќе ја подобри безбедноста на Романија, сојузник на НАТО кој е важна сила за политичка и економска стабилност во Европа“, се вели во соопштението на американската амбасада во Романија.
Продажбата од околу 6,4 милијарди долари ќе и обезбеди на Романија најсовремен повеќенаменски борбен авион, се додава.
„Оваа посветеност е доказ за силното партнерство меѓу нашите две народи и уште еднаш го покажува лидерството на Романија во одбраната на регионалната безбедност. Романија е клучен сојузник на НАТО во промовирањето на безбедноста и стабилноста во регионот на Црното Море и пошироко“, рече американскиот амбасадор во Романија, Кетлин Кавалек, јави Танјуг.
Првата испорака на авиони Ф-35А во Романија се очекува до 2031 година