САД испраќаат нов пакет оружје за Украина, вреден 275 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Пентагон ќе и испрати на Украина нов пакет со оружје и друга помош во вредност од 275 милиони долари во обид да ги зајакне напорите за протерување на руските сили од јужна Украина како што се приближува зимата, соопштија американските власти.

Loading...

Како што дознава Асошиејтед прес (АП), нема големо ново оружје во пакетот, но американската помош главно е насочена кон надополнување на залихите со илјадници парчиња муниција за веќе постоечките системи за оружје, вклучително и високомобилни артилериски ракетни системи, познати како ХИМАРС, кој Украинците успешно го користеа во контраофанзиви против Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војна!

Официјалните лица зборувале под услов да останат анонимни, а деталите за американскиот пакет се очекува да бидат објавени денеска.

САД досега помогнале со 18 милијарди долари

Вклучувајќи нови 275 милиони долари, САД упатија помош во оружје и друга опрема во вредност од речиси 18 милијарди долари за Украина од 24 февруари и почетокот на војната.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин им рече на новинарите дека очекува САД да ги испорачаат долгоочекуваните напредни системи за воздушна одбрана НАСАМС на Украина на почетокот на следниот месец, заедно со обуката на војниците да управуваат со нив.

Новата американска помош доаѓа откако федералните власти јавно ги објавија напорите на американската влада да се осигура дека оружјето пренесено во Украина нема да заврши во рацете на руските војници, нивните полномошници или други екстремистички групи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали ќе го поддржат неговиот мировен план? Зеленски во Вашингтон ќе се сретне со Трамп и Харис

Планот, објавен од Стејт департментот во четвртокот, забележува дека следењето на оружјето е особено тешко за време на активна војна и кога нема големо американско присуство на теренот, пишува АП.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...