САД ги повика Американците да ја напуштат Русија

Сподели со своите пријатели

Американските граѓани мора веднаш да ја напуштат Русија, додека за тоа „сѐ уште има можности“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на американската амбасада во Москва.

Loading...

„Граѓаните на САД не треба да ја посетуваат Русија, а оние кои живеат или патуваат во Русија треба веднаш да ја напуштат земјата додека сè уште има ограничени можности за комерцијално патување“, се вели во соопштението.

Амбасадата, исто така, ги предупреди американските граѓани дека имаат многу ограничени можности да им помогнат, додека „условите, вклучително и опциите за превоз, може наеднаш дополнително да се влошат“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Претходно и полскиот дипломатски оддел ги повика своите граѓани да се воздржат од патување во Русија, а на оние кои веќе се во Руската Федерација им беше препорачано да ја напуштат земјата на секој можен начин.

Сличен апел упати и бугарското и полското Министерство за надворешни работи.