Руските сили тврдат дека одбиле напад со дрон на Крим

Сподели со своите пријатели

Руските власти денеска соопштија дека собориле украински дронови на Крим, неколку дена по посетата на претседателот Владимир Путин на полуостровот припоен од Москва.

Loading...

Противвоздушната одбрана одби напад со дронови во близина на градот Дјанкој на Крим во понеделникот вечерта, соопшти Рускиот истражен комитет, тело задолжено за најважните истраги.

„Целта на сите соборени дронови беше цивилна инфраструктура“, додаде комитетот.

Гувернерот на Крим назначен од Москва, Сергеј Аксинов, рече дека едно лице е повредено кога остатоци од дрон паднале врз куќа и продавница.

Советникот на Аксионов, Олег Крјучков, ги обвини украинските власти дека го извршиле нападот како „одмазда“ за припојувањето на Крим кон Москва, неколку дена по деветгодишнината од таа анексија.

Во саботата Путин беше на Крим во Севастопол, каде ја посети домашната база на руската Црноморска флота.

Рускиот претседател потоа отиде во Мариупол, украинскиот пристанишен град кој руските сили го освоија по опсадата што остави голем дел од градот во урнатини.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...