Рустам Набиев не само што останал жив, туку и пронашол среќа и смисла во животот. Ова е темата на неговиот блог на Инстаграм, кој на сите им докажува дека животот е убав.
Ова е еден од најинспиративните блогови што некогаш сте ги прочитале.
View this post on Instagram
Дваесет и петгодишниот Рустам од Уфа преживеал страшна катастрофа кога неговата касарна се урнала на 12 јули 2015 година.
Овој датум го смета за негов „втор роденден“. Тој ден загинале 24 негови колеги од војската, но и покрај тоа што цела ноќ бил закопан под урнатините, тој бил спасен.
View this post on Instagram
Сепак, овој живот имал цена – губење на двете нозе. Рустам сепак не се откажал. Денес игра хокеј на мраз и пишува блог.
Многу следбеници велат дека Рустам ги инспирира.
View this post on Instagram
– Добив писма од луѓе кои велат дека сум ги спречил да ја направат најлошата грешка во животот – да се самоубијат. Многу е убаво да се знае дека мојот пример им помага на другите да не се откажуваат, тоа е единствената причина зошто вреди да се преживее и да се бори – изјави тој за рускиот портал Рустам.
Она што е најневеројатно е фактот дека овој човек е рекреативен планинар и ги освојува руските врвови користејќи ги само рацете.
View this post on Instagram
Мотивацијата која може да произлезе од овој човек е навистина голема, па никој не треба да биде изненаден од бројот на следбениците на овој храбар војник.
View this post on Instagram