Руски турист на Крим ги открил позициите на ракетите

Сподели со своите пријатели

Положбите на руските противвоздушни системи сосема случајно ги откриле руски туристи кои престојувале на Крим и се сликале со противвоздушниот систем и ги објавиле на социјалните мрежи.

Loading...

Независниот истражувач Бенџамин Питет тврди дека објавените фотографии ја откриваат локацијата на руските воени единици објавени на социјалната мрежа ВКонтакте, руската верзија на Фејсбук.

Ги прикажуваат системите С-400 на плажа на Крим во јули.

Тој наведува дека според географските координати, фотографиите се направени недалеку од селото Молохноје.

 

 

 

Одбранбениот систем пристигнал во близина на градот Јејпатори на западниот дел на Крим околу 20 јули.

Loading...

Друга Русинка на Инстаграм ги открила локациите на руските противвоздушни системи на Крим.

Имено, таа оставила гео-ознака во близина на Јепторија и напишала „Под заштита“, а нејзиниот профил бил отстранет.

Тешко е да се утврди автентичноста на фотографиите, па новинарите на Newsweek побараа коментар од руското МВР.

Крим, кој беше припоен од Украина во 2014 година, е мека за туристите од Русија. Во исто време, полуостровот е еден од клучните пречки меѓу Русија и Украина.

 

 

 

Украина до руските туристи: Одете дома ако не сакате неочекувано топло лето

Украина објави видео во кое ги исмева руските туристи на Крим и ги кани да си одат дома.

Loading...

Неодамна во областа беа регистрирани најмалку дванаесет експлозии, а се верува дека станува збор за украински контранапад.

Украинската влада со потсмев им порача на туристите да си одат дома ако не сакаат „неочекувано топло лето“.

Украинската армија ги исмеваше фотографиите на туристите кои ги откриваат руските позиции.

– Можеби сме премногу груби со руските туристи… Понекогаш тие можат да бидат многу корисни. Како овој човек кој се сликаше во близина на руските противвоздушни системи кај Евпаторија, на окупираниот Крим. Благодариме и продолжете со добрата работа – објавија тие.