Руски танкер нападнат со дронови. Оштетен е!

Сподели со своите пријатели

Украински дронови погодија руски танкер во Керченскиот теснец, со што накратко беше запрен сообраќајот на стратешкиот мост што го поврзува Крим со Русија, објавија во саботата руските медиуми.

Loading...

Бродот е оштетен и на местото пристигнале два влекачи, објави агенцијата Тасс, додавајќи дека нафтата не истекла од бродот со 11 луѓе.

Како што пишува „Москва тајмс“, станува збор за хемиски танкер СИГ, кој бил под санкции затоа што ги снабдувал со гориво руските сили кои му дошле на помош на режимот на Башар ал Асад за време на војната во Сирија.

Неколку членови на екипажот се повредени

Сообраќајот на мостот што го поврзува полуостровот Крим со Русија беше во прекин три часа пред да биде обновен рано утринава.

Мостот Керч е единствениот мост што го поврзува полуостровот со Русија и се користи за транспорт на опрема на руската армија на украинскиот фронт.

Владимир Рогов, руски функционер во јужниот украински регион Запорожје, потврди дека неколку членови на екипажот на бродот се повредени од скршено стакло.

Детонацијата поради експлозијата на бродот била видлива од полуостровот, затоа локалните жители мислеле дека експлозијата била во близина на населбата Јаковенково, недалеку од мостот на Крим“, напиша Рогов на Телеграм.

Последниот напад во Црното Море се случи еден ден откако Украина објави дека извршила напад со поморски дрон врз руски воен брод во базата Новоросијск во јужна Русија.

Loading...

Бројот на напади во Црното Море од двете страни е зголемен откако Москва се повлече од договорот минатиот месец со кој се дозволува украинско жито да се извезува преку Црното Море.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.