Руски ракетни напади оштетија капацитети за производство на гас

Сподели со своите пријатели

Руските ракетни напади оштетија или уништија некои од постројките за производство на гас во Украина, соопшти денеска државната енергетска компанија Нафтогас.

Loading...

Извршниот директор на Нафтогас, Олексеј Чернишов, изјави дека Русија извршила „масовен напад“ врз инфраструктурата на компанијата за производство на гас „Украгасдобич“ во источна Украина, пренесе Ројтерс.

„Во моментов знаеме за неколку згради кои се уништени. Други претрпеле штети од различен степен“, рече Чернишов.

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави претходно денеска дека новите руски ракетни напади биле насочени кон капацитети за производство на гас и фабрика за ракети, пренесе Интерфакс Украина.

Сирените за воздушен напад се огласија во Одеса, Полтава, Днепропетровск, Суми и Миколаевската област, како и делови од Кировоградската област и областите контролирани од Киев на Запорожје и Херсонската област.

Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко изјави дека неколку експлозии биле пријавени и во Днепар, каде биле оштетени два инфраструктурни објекти.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.