Руски бомбардери близу Алјаска, Американците ги кренаа ловците

Сподели со своите пријатели

Американските борбени авиони Ф-16 полетаа за да ги придружуваат двата руски стратешки ракетни носачи Ту-95 кои прелетаа покрај Алјаска на 17 октомври.

Loading...

Ова го соопшти Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД).

„Два авиони Ф-16 на американските воздухопловни сили придружуваа руски авиони кои летаа во меѓународен воздушен простор и не влегоа во воздушниот простор на САД или Канада“, се вели во соопштението.

Министерството за одбрана на САД не ја потврди оваа информација.

Претходно, Министерството за одбрана на Русија објави дека стратешките бомбардери Ту-95 МС на руските воздушни сили извршиле патроли над Тихиот Океан, Беринговото Море и Охотското Море. Летот траеше повеќе од 12 часа.

Стратешките ракетни носачи Ту-95МС, Ту-160 и бомбардери Ту-22М3 се дел од авијацијата со долг дострел на руските воздушни сили.

Ту-95 е создаден во екот на Студената војна како одговор на создавањето на американскиот бомбардер „Конвер Б-36“.

Авионот бил направен со турбопроп мотори, бидејќи тогаш само тие дозволувале да се достигне опсег на летот од 12.000 километри.

Loading...

Сериското производство на авионот започна во 1955 година.