Руски Белгород го погодија ракети: Има ранети, автомобили во пламен

Сподели со своите пријатели

Во Белгород, поради ракетната закана, луѓето кои дошле да гласаат биле принудени да го напуштат избирачкото место и да побегнат во засолниште, потврдил очевидец за руската државна новинска агенција РИА Новости.

Loading...

По укинувањето на воздушната тревога, жителите на Белгород се вратија на гласачкото место и продолжија да гласаат.

 

 

Пораката за опасност од ракетен напад во Белгород и Белгородската област е објавена во 08:10 часот по московско време.

Од граѓаните беше побарано да останат дома и да не се доближуваат до прозорците.

По 14 минути алармот бил укинат.

Loading...

Се појавија повеќе снимки од нападот, вклучително и онаа на која се гледа како проектил удира во камион.

 

 

Инаку, руските гласачи утринава почнаа да излегуваат на гласање, за тридневните претседателски избори кои сигурно на Владимир Путин ќе му донесат уште еден шестгодишен мандат.

Путин има три формални ривали: Леонид Слуцки, Николај Харитонов и Владислав Даванков.

Нападот го објави градоначалникот на Белгород, Валентин Демидов на својот канал Телеграм.

Тој најави дека бројот на жртви е зголемен на три.

Loading...

 

 

„Белгород утрово беше изложен на уште еден терористички напад од страна на украинските вооружени сили. Возам низ градот“, рече тој.

Гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков соопшти дека се оштетени 23 стана во седум станбени згради, два трговски центри, училиште, стадион и осум автомобили. Тој истакна дека итните служби се на терен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.