Руската индустрија за дронови цел на нови санкции на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Во новиот деветти пакет санкции што се подготвува, Европската унија има намера да воведе ограничувања на рускиот сектор за производство на дронови, дознава Блумберг во бриселските кругови.

Loading...

ЕУ, исто така, размислува за воведување санкции за други технологии и компоненти што ги користи Москва за воени цели, како и усвојување мерки кои дополнително ги таргетираат услугите, инвестициите и рускиот медиумски и финансиски сектор.

Новиот пакет казнени мерки, кој треба да стапи на сила следната недела, ќе опфати и ставање на „црната листа“ на евроблокот уште 180 физички, фирми и други правни лица.

Новиот пакет санкции се очекува официјално да биде предложен и дискутиран оваа недела, со цел мерките да бидат одобрени пред лидерите на ЕУ да се сретнат во Брисел следната недела.

За санкциите на ЕУ е потребна поддршка од сите земји-членки, а некои предложени мерки би можеле да се променат пред тоа да се случи.

За време на воените дејствија во октомври, Киев ја обвини руската армија дека користи дронови камикази за напади врз цивилни цели.

Иако Русите велат дека тоа се нивните дронови „геран-2“, западните експерти сметаат дека тоа се всушност ирански дронови преименувани во „Шахид-136“.

Станува збор за летала со распон на крилата од два и пол метри, кои носат околу 50 килограми експлозив во боеви глави на предниот дел.

Loading...

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, при посетата на Финска на крајот на минатиот месец објави дека Унијата го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина, без да открие детали.

„Работиме напорно да ја погодиме Русија онаму каде што боли, за дополнително да ја ослабиме нејзината способност да води војна во Украина и можам да објавам дека работиме со полна пареа на деветтиот пакет санкции“, рече Фон дер Лејен, пренесе Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.