Русите жестоко го нападнаа Киев, употребија крстосувачки ракети (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руските сили извршија „исклучително интензивен“ воздушен напад врз Киев рано утринава користејќи дронови и крстаречки, а можеби и балистички ракети, соопштија градските власти.

Loading...

Ова е осми воздушен напад овој месец.

 

 

„Беше исклучително по интензитет – максимален број проектили во најкраток можен временски период“, објави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената управа на главниот град на Украина.

„Според прелиминарните информации, повеќето од непријателските цели во воздушниот простор на Киев се откриени и уништени“, додаде тој.

Засега сѐ уште не се знае колку објекти се урнати и дали некои од нив успеале да ги погодат метите.

Loading...

Како што изјавија официјални лица за Ројтерс, утринава урнатини паѓале во областите Оболонски, Шевченковски, Соломјански и Дарницки во Киев.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.