Русите во бегање им оставија многу оружје на Украинците (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Украинската контраофанзива се покажа како многу успешна. Ги принудија Русите да се повлечат, нивните војници велат дека командантите ги оставиле… А Русите оставиле и многу воена опрема за украинската војска…

Loading...

Украинските сили продолжија да заземаат бројни населби на североистокот, а висок американски функционер изјави дека Русија во голема мера ја предала територијата околу Харков и дека тие масовно ги повлекле силите преку границата, пишува Ројтерс.

 

 

Фотографиите ги објавија украинските вооружени сили.

Зеленски синоќа изјави дека нивните сили од почетокот на месецот презеле контрола на 6.000 квадратни километри територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Енергоатом: Руските сили го приведоа директорот на нуклеарната централа Запорожје

 

Loading...

 

И Русија, исто така, призна дека ја изгубила контролата врз клучните градови во регионот Харков, а многу експерти проценуваат дека тоа би можело да биде пресвртница во војната.

 

 

Се разбира, Москва го нарекува повлекувањето на своите сили прегрупирање на исток, со цел да се фокусира на регионите Луганск и Доњецк, но многумина во Русија го исмеваа ова повлекување и го нарекуваат срамно.

Штабот за одбрана на Украина во својот дневен извештај ги објави вкупните руски загуби од почетокот на инвазијата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турција ја отфрли одлуката на Русија за анексија на четири украински региони

 

 

Тврдат дека Русите останале без 53.300 војници, 2175 тенкови…

А се почестите порази на руската армија на украинска територија го налутија рускиот претседател Владимир Путин.

Оваа недела тој ги откажа средбите со раководството на Министерството за одбрана во државната резиденција во Сочи, а The Moscow Times тврди дека причина за тоа се воените неуспеси во североисточниот дел на Украина во близина на Харков.

 

Loading...

 

Но, некои, далеку од бојното поле, од нивните фотелји во Москва, продолжуваат со заканите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што го чека сега југоистокот на Украина по руското анектирање?

Поранешниот руски претседател и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, постојано се закануваше дека неговата земја ќе ја смени владата во Украина.

 

 

Loading...

Тоа му го вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски бидејќи рече дека не сака да преговара со Русија.

Имено, Зеленски рече дека не го интересираат разговори со партија која поставува само ултиматуми.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...