Русите се заканија дека ќе ги гаѓаат американските сателити

Сподели со своите пријатели

Висок функционер на руското Министерство за надворешни работи изјави дека комерцијалните сателити на САД и нивните сојузници би можеле да станат легитимни мети на Русија доколку се вмешани во војната во Украина.

Loading...

„Квазицивилната инфраструктура може да биде легитимна цел на одмазднички удар“, изјави Константин Воронцов, заменик-директор на одделот за неширење и контрола на оружјето во Министерството за надворешни работи, пренесува ТАСС.

„Зборуваме за САД и нивните сојузници кои вклучуваат компоненти на цивилната вселенска инфраструктура, вклучително и комерцијална вселенска инфраструктура, во вооружени конфликти“, рече Воронцов во Обединетите нации.

Десетици илјади луѓе загинаа во руско-украинската војна, глобалното економско закрепнување по Ковид-19 беше поткопано, додека Москва влезе во најопасната конфронтација со Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите имаат два големи проблеми во Курск (ВИДЕО)

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.