Русите се обидуваат да регрутираат авганистански командоси

Сподели со своите пријатели

Членовите на командоската единица на авганистанската армија, кои биле обучени од американски и британски специјални сили, според извори на Форин полиси, се контактирани од Русија и им се нуди да се приклучат на руската армија и да се борат во Украина.

Loading...

Повеќе авганистански воени и безбедносни извори изјавија за Foreign Policy дека испраќањето командоси во Русија може да има значително влијание на линијата на фронтот.

Да потсетиме, кога лани западните сили го напуштија Авганистан, зад себе оставија 20-30 илјади командоси доброволци.

Само мал број беа евакуирани кога талибанците ја презедоа контролата во Авганистан, а некои побегнаа во соседните земји за да избегнат да бидат заробени и егзекутирани од талибанците.

„Немаат што да изгубат“

Многу од овие командоси сега се без работа или се надеваат, а некои сè уште чекаат да добијат сместување во ОК или во САД.

Безбедносни извори во Авганистан изјавија за Foreign Policy дека тоа може да ги направи лесни мети за руските регрутери.

„Тие немаат земја, немаат работа, немаат иднина. Немаат што да изгубат“, вели еден извор.

Некои извори сугерираат дека околу 10.000 поранешни командоси би можеле да ја прифатат руската понуда, која обично доаѓа преку апликации како WhatsApp и Signal.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.