Русите од мобилизација бегаат и во Белорусија

Сподели со своите пријатели

Заедно со Грузија и Казахстан, но и со земји како Турција и Србија, Белорусија стана една од земјите во кои бегаат Русите кои од различни причини не сакаат да војуваат против Украина.

Loading...

Агенциите за недвижности и станоиздавачите се првите во Белорусија кои се справуваат со Русите кои набрзина бегаат од својата земја – поради наредбата за „делумна мобилизација“ на претседателот Владимир Путин.

Алиона живее во Минск и поседува неколку станови. Вели дека приливот на Руси е многу голем и претпоставува дека за становите особено се заинтересирани млади луѓе кои не сакаат да војуваат.

„Нема илјадници или десетици илјади кои доаѓаат, но побарувачката е сè уште огромна“, вели таа.

Ситуацијата ја потсетува на 2014 година, кога во Минск се одржа Светското првенство во хокеј на мраз.

„Тогаш дојдоа многу навивачи, особено од Русија. Хотелите и апартманите беа резервирани однапред бидејќи големата побарувачка беше предвидлива. Сега беше непредвидлива“, вели Алиона за ДВ.

Цените за изнајмување значително се зголемија во последните денови, и тоа не само во центарот на Минск.

„Дури и во предградијата тешко може да добиете стан за помалку од 100 белоруски рубљи (околу 40 евра) дневно“, вели таа.

Loading...

Според неа, подобрите локации веќе чинат повеќе од 100 евра дневно.

Ова, исто така, доведе до зголемена побарувачка во малите градови околу белорускиот главен град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вдовицата на Алексеј Навални ангажирала телохранител: Не се плашам, но...

„Војната дефинитивно не е за мене“

Сергеј (32) од Москва избрал стан во градот Молодечно, на 70 километри од Минск.

„Пет дена откако беше наредена мобилизацијата, се качив во возот за Белорусија. Јас лично не добив покана, но многу колеги и познаници мораа да одат на воен рок“, вели овој млад човек кој не служел воен рок.

Како што вели, не сакал да ја предизвика судбината и брзо се упатил надвор од државата, бидејќи знае дека во случај на мобилизација може да биде повикан.

„Работам за мала логистичка компанија и не сакав да го променам мојот живот. Немам ни пасош, бидејќи не ме интересира да патувам во странство. Претходно бев во Белорусија, во Минск и Брест. Но, претпочитам да се релаксирам во природа, а тоа го можам и надвор од Москва“, вели тој.

Сергеј не знае колку долго ќе остане во Белорусија.

„Се договорив со газдарицата да останам неколку дена и да плаќам дневно. Ѝ најавив дека подоцна можат да дојдат и моите пријатели. Нејзе не ѝ пречи. Убаво е што не сака да профитира од оваа ситуација“, вели Сергеј.

Loading...

И покрај топлината што ја доживува во соседна Белорусија, московјанецот е загрижен бидејќи редовно ги следи вестите и разменува пораки со семејството и пријателите.

„Моментално сум на одмор на сопствен трошок, но дефинитивно сакам да се вратам дома. Но, ако таму ме чека покана за војна во Украина, тогаш тоа дефинитивно не е за мене“, вели Сергеј.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вагнер се враќа од Африка за напад на Харков

„Не сакам да разговарам кој е во право, а кој не во овој конфликт. Воопшто не ме интересира ништо поврзано со армијата“.

„Порано се каев што немав син“

Кон крајот на минатата недела во Брест пристигна Антон од Санкт Петербург.

Семејството се консултирало и одлучило дека како регрут би било подобро да ја напушти државата во сегашната ситуација.

„Освен Белорусија, не размислував за друга можност бидејќи имам тетка која живее во близина на Бест. Тоа го реши и проблемот со сместувањето“, вели тој за ДВ.

„Сакав да барам работа и да добијам дозвола за престој. Но, во Белорусија се зборува дека би можело да дојде до мобилизација и дека Русите кои избегаа од земјата може насилно да бидат вратени таму“.

Тој избегнува да разговара за војната во Украина и зборува само за „конфликтни информации“ од завојуваните страни. Во исто време без ентузијазам се сеќава на својата воена служба.

Loading...

„На почетокот на деведесеттите бев регрутиран во артилерија. Морав да направам се што е можно таму, но тоа не беше борбена обука. За мене тоа е залудно потрошен дел од животот“, вели тој.

Антон е сè уште оптимист и се надева дека сопругата и двете ќерки наскоро ќе му се придружат во Брест:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри помош за Украина и Израел

„Порано жалев што немав син, но сега мислам дека може да биде подобро вака, бидејќи повеќе би се загрижил за него отколку за јас.”

„Кога и каде ќе одиме понатаму, прашање е само време и пари“

Виктор дојде во Белорусија од Смоленск и не сака да се знае точно каде се наоѓа.

„Јас и моите пријатели изнајмивме автомобил со возач. Сакаме се да остане тајна, дури и мобилните телефони ги оставивме во Русија“, вели младиот човек, нагласувајќи дека тоа е неопходно од безбедносни причини.

Loading...

Затоа што не исклучува дека Белорусија би можела да екстрадира руски државјани кои избегнуваат мобилизација.

„Кога ја преминавме границата, таму сè уште беше релативно мирно. Сега известуваат дека има контролни пунктови на патиштата каде што се проверуваат документите на мажите кои ја напуштаат Русија и се споредуваат со списоците за мобилизација“, вели Виктор.

Тој и неговите пријатели морале брзо да одлучат како да избегнат мобилизација, па се одлучија за Белорусија – таа им беше најблиску.

„Засега издаваме куќа на село. Избегнуваме да одиме во градовите, ја следиме ситуацијата и гледаме каде да одиме понатаму. Во секој случај, опасно е да се остане подолго во Белорусија. Кога и каде ќе продолжиме понатаму, прашање е само на време и пари“, вели Виктор од Смоленск.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...