Русите го окупираа Соледар, сè потешка ситуација за Бахмут

Сподели со своите пријатели

Велика Британија во вторникот објави дека Русија најверојатно го освоила Соледар, рударски град во источна Украина.

Loading...

Британското Министерство за одбрана објави дека руските војници и платениците на Вагнер најверојатно ја презеле контролата врз Соледар, каде се наоѓаат рудниците за сол, по четири дена напредување.

Доколку се потврди, тоа ќе биде најважниот руски успех од август, по серијата понижувачки порази во втората половина од минатата година.

Руските сили со месеци се борат за блискиот Бахмут, неколку километри југозападно. Двете страни имаат огромни загуби.

Москва тврди дека заземањето на Бахмут би било важен чекор кон преземање целосна контрола врз Доњецката област, една од четирите провинции што ги анектираше пред два месеци.

Руското Министерство за одбрана не ги спомна Соледар или Бахмут на брифингот со новинарите во понеделникот.

„Рускиот правец преку Соледар е многу веројатно обид да се опколи Бахмут од север и да се нарушат украинските линии на комуникација“, соопшти британското Министерство за одбрана на краткиот дневен брифинг.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерашното обраќање призна дека ситуацијата во Соледар е „тешка“, но рече и дека украинските бранители купиле време со својата упорност и дека Киев на крајот ќе ги избрка Русите од целиот Донбас.

Loading...

„А што сака Русија да постигне таму? Сè е целосно уништено, речиси и да нема живот. И илјадници нивни луѓе се изгубени: целата земја во близина на Соледар е покриена со трупови на окупаторите и лузни од нападот“, тој кажа. „Вака изгледа лудилото“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.