Русија воспоставува трајно воено присуство во Сирија

Сподели со своите пријатели

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија започнува воспоставување постојано воено присуство во Сирија.

Горниот дом на рускиот парламент денеска го ратификуваше договорт на двете земји за проширување на помоврската база во сириското пристаниште Тартус.

Договорот на Русија и Сирија ќе важи 49 години со можност за продолжување. Тој предвидува во медитеранското пристаниште Тартус истовремено да може да се наоѓаат 11 руски воени бродови, вклучувајќи и бродови на нуклеарен погон.

Советот на Руската федерација го ратификуваше договорот потпишан во јануари, додека долнито дом на рускиот парламент, Државна дума, тоа го направи минатата недела. За да стапи на сила договорот треба да го потшише претседателот на Русија, Владими Путин.

Долуката за проширување на една руска поморска база на Медитеранот следува откако врховниот командант на руската војска Путин наложи повлекување на делови од руските трупи од Сирија.

Русија во 2015 година започна воздушна кампања во Сирија која доведе до пресврт во граѓанската војна во таа земја, во корист на претседателот Башар ал Асад, долгогодишен сојузник на Москва.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.