Русија: Уништени украински брзи чамци во Црното Море

Сподели со своите пријатели

Авионот на Црноморската флота уништи во Црното Море четири воени чамци со десантни сили на Вооружените сили на Украина, во кои имало околу 50 лица.

Loading...

„30-ти Август, околу полноќ по московско време, авион на поморската авијација на Црноморската флота во Црното Море уништи четири брзи воени чамци со десантни групи на украинските сили за специјални операции со околу 50 лица“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Малку претходно гувернерот на областа Псков Михаил Ведерников објави дека руската армија го одбила нападот со дрон на аеродромот во Псков.

„Министерството за одбрана ги отфрла нападите со беспилотни летала на аеродромот Псков. Јас лично сум на лице место од почетокот на инцидентот. Според прелиминарните информации, нема жртви“, напиша тој на својот канал Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жестоки експлозии на Крим, нов напад на седиштето на руската флота?

И гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, објави на Телеграм: „Според прелиминарните податоци, силите на Црноморската флота одбиваат напади на непријателски дронови од морето.“

Според неговите зборови, сите сили и служби се во состојба на борбена готовност, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.