Русија: Уништени четири украински воени глисери во Црното Море

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека поморската авијација уништила четири брзи воени глисери со украински војници во Црното Море.

Loading...

„Вечерва, во северозападниот дел на Црното Море, поморската авијација на Црноморската флота уништи четири глисери „Вилард Си Форс“, од американско производство, кои превезуваат десантни групи на украинските вооружени сили“, соопшти Министерството преку Телеграм.

Во соопштението се наведува дека се уништени четири брода со до 50 припадници на украинските специјални сили.

Според руското министерство, украинските бродови пловеле во правец на Кејп Тарханкут, западно од анектираниот полуостров Крим.

Москва објави и дека соборила украинско беспилотно летало во близина на Крим и друго во руската област Курск, која граничи со Украина.

Претходно, на 24 август, Украина објави дека извршила операција на специјалните сили на полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година и дека таму го подигнала државното знаме.

Украинските специјални сили потоа пристигнаа од правец на морето и слетаа на западниот дел на полуостровот, без да претрпат никакви загуби, се наведува во соопштението за печатот на украинската разузнавачка служба.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...