Русија: Украинските специјални служби исценираа наводни убиства на цивили

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските специјални служби ги исценирале наводните убиства на цивили во украинските градови во обид да шират пропаганда преку западните медиуми.

Loading...

„Според потврдени информации, вечерта на 4 април, членовите на украинскиот 72. главен центар за психолошки операции снимиле 23 километри северозападно од Киев за да направат монтирани видеа од цивили кои наводно биле убиени од руските сили и да ги рашират преку западните медиуми, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека слични настани сега се организирани од украинските специјални служби во Суми, Конотоп и други градови.

 

Велика Британија објави нова мапа на руски напади