Русија уапси вработени во нуклеарната централа во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Двајца вработени во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на Русија, се уапсени поради предавање информации на украинските власти, соопшти во средата Руската национална гарда.

Loading...

Националната гарда соопшти дека спречила, како што ги нарече, „незаконски дејствија“ кои ја загрозиле безбедноста на централата и уапсила двајца работници на нуклеарната централа, заедно со трето лице за кое велат дека ги прекршиле процедурите за пристап до централата и соработувале со украинските вооружени сили.

Во март, руските војници ја зазедоа нуклеарната централа во Запорожје, која е најголема во Европа.

Останува блиску до линијата на фронтот и е под постојан оган во последните недели, што ги зголемува стравувањата од нуклеарна катастрофа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

И Русија и Украина се обвинија меѓусебно за гранатирање на нуклеарната централа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.