Русија: Спречен терористички напад, ликвидирани 30 Украинци

Сподели со своите пријатели

Рано утрово е спречен нов обид на режимот во Киев да изврши терористички напад врз цивилното население во градот Шебекино во Белгородската област во Русија.

Loading...

Ова го соопшти руското Министерство за одбрана.

„Околу три часот по полноќ, украинските единици со две моторизирани пешадиски чети се обидоа да извршат инвазија. Три напади на украинските терористички формации беа одбиени со самопожртвуваните акции на руската армија. Единиците на украинската армија беа одбиени и претрпеа значителни загуби“, се вели во соопштението на Министерството.

Границата на Русија не е нарушена и ликвидирани се повеќе од 30 украински терористи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.