Русија: Соборени три украински авиони и 12 дронови

Сподели со своите пријатели

Руските системи за противвоздушна одбрана во изминатиот ден соборија два украински ловци МиГ-29, еден напаѓачки авион Су-25 и 12 беспилотни летала, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Loading...

„Минатиот ден руските системи за противвоздушна одбрана соборија два авиони МиГ-29 на украинските воздухопловни сили кај селото Снегиревка, регионот Николаев и еден Су-25 кај Александровка, во регионот Харков“, рече Конашенков, пренесува РИА Новости.

Тој, исто така, изјави дека руската воздушна одбрана соборила 12 украински беспилотни летала во областа Харков и ЛНР, како и три проектили на украинскиот систем „Ураган“.