Русија: Швајцарија ја загуби неутралноста затоа што се приклучи на санкциите

Сподели со своите пријатели

Швајцарија ја загуби неутралноста бидејќи се приклучи на санкциите против Москва и затоа не може да ги застапува украинските интереси во Русија, изјави заменик-портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Иван Нечаев.

Loading...

Нечаев рече дека Швајцарија неодамна побарала мислење од Москва за можноста за застапување на украинските интереси во Русија и обратно.

„Изразивме многу јасен став дека Швајцарија ја загуби неутралноста и не може да биде посредник и претставник на интересите“, нагласи Нечајев.

Тој истакна дека Берн го поддржувал режимот во Киев и учествувал во агресивната русофобна кампања што ја започнале Западот и Украина.

Портпаролот на швајцарското Министерство за надворешни работи, Пјер-Ален Елшингер, изјави дека Швајцарија е подготвена да го исполни барањето на Украина да ги застапува нејзините дипломатски интереси во Русија, доколку Москва се согласи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.