Русија протера 14 бугарски дипломати

Сподели со своите пријатели

Русија денеска протера 14 бугарски дипломати како одговор на мерките што Софија ги презеде против Москва во екот на конфликтот со Украина.

Loading...

„Оваа мерка е одговор на целосно неоправданата одлука на бугарската страна да прогласи за непожелни 70 вработени во нашите институции во странство и да воведе квоти за дипломатски, административен и технички персонал на Русија во Бугарија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

На почетокот на јули Бугарија прогласи 70 руски дипломати за непожелни лица, пренесува Бета-Франс прес.

Одлуката за протерување на бугарските дипломати ја соопшти вршителот на должноста премиер Кирил Петков, кој зазеде тврд став кон Русија откако таа ја нападна Украина на 24 февруари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.