Русија повика на укинување на санкциите за да се овозможи извоз на храна од Украина

Сподели со своите пријатели

Русија повика на укинување на санкциите воведени поради нејзината инвазија на Украина како дел од „сеопфатниот пристап“ чија цел е да се спречи глобалната криза со храна.

Loading...

Украина е еден од најголемите светски извозници на жито, но има големи залихи кои не може да ги испрати во странство поради руската блокада на пристаништата.

 

ОН: Околу еден милион авганистански деца се неухранети

 

Заменик-министерот за надворешни работи на Кремљ, Андреј Руденко, изјави дека Русија е подготвена да обезбеди хуманитарен коридор што ќе им овозможи на бродовите безбедно да патуваат од Украина, доколку бидат укинати санкциите и Киев ги деминира блиските води, пренесува Би-Би-Си.

Вчера Европската унија ја обвини Русија дека ги користи залихите со храна како оружје со глобални последици.

 

Loading...

ОН: Околу еден милион авганистански деца се неухранети

 

Претходно Министерството за одбрана на Обединетото Кралство најави дека светските цени на храната ќе продолжат да растат доколку блокадата продолжи.