Русија паузира со вакцинирање волонтери

Сподели со своите пријатели

Русија привремено ја прекина вакцинацијата на нови волонтери против коронавирусот, соопшти денеска персоналот на осум од 25 клиники, наведувајќи голема побарувачка за вакцина или недостиг на дози.

Loading...

Сепак, производителот на вакцината рече дека тестирањето на нови волонтери е само забавено.

Тестирања сè уште се спроведуваат на три клиники во Москва, а вработените велат дека останале без првите од двете дози на вакцината, колку што е планирано да се дадат.

Втората вакцина се дава 21 ден по првата.

– Вакцинацијата е само привремено запрена. Ја имаме само втората доза. Останавме без првата доза пред една недела, изјави член на една московска клиника.

Директорот на институтот Гамалеа, Александар Гинтсбург, кој ја разви и произведува вакцината, рече дека одлуката за намалување на приливот на нови волонтери се должи на следењето на оние кои веќе ја примиле втората доза.

Тој рече дека 20.000 доброволци ја добиле првата доза, а втората 9000.

– Потребата да се намали бројот на волонтери е затоа што нема доволно капацитет на клиниките. Многумина изразија желба да ја примат вакцината, но производителот не ја следи побарувачката, изјави претставник на Крокус Медикал, истражувачка организација која го надгледува тестирањето во Москва заедно со Министерството за здравство.

Loading...

Претставникот, кој сакал да остане анонимен, не сакаше да го открие името, но додаде дека вакцинацијата на нови волонтери треба да продолжи на 10 ноември.

Алексеј Кузњецов, помошник на рускиот министер за здравство, рече дека тестирањето на волонтери продолжува.

– Целта од 40.000 тестирани ќе биде постигната, рече тој.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply